Вршење услуги

Сервисните дејности вообичаено не произведуваат стоки, но тие даваат услуги за јавноста или за некој дел од јавноста.

Општо земено,во сервисниот сектор постојат поголем број бизниси отколку во производниот сектор.Сервисните дејности вклучуваат сервиси за автомобили и други работилници за поправки,ТВ и радио сервис,хемиско чистење,перални,служби за превоз на патници и стока,хотели,ресторани и кафулиња.

Вистина е дека некои сервиси,на пример,сервиси за поправка на автомобили и сервиси за поправки воопшто,како и перални,многу личат на производните дејности,додека други,како на пример кафулиња,можеби изгледаат различно. Иако сервисните дејности вообичаено не користат репроматеријали за да се добие производ(иако рестораните тоа го прават), тие сепак користат резервни делови за поправка, гориво, греење, електрична енергија и вода за перење, чистење итн. Тие исто така користат работна рака за  поправки,возење,чистење,готвење или служење,како и опрема каква што е алат или возило,згради  и земјиште,исто како и производните дејности.

За да може ефикасно да се води еден сервис,треба да ги користиме истите средства како и кај производните дејности. Првиот чекор е да си ги познавате трошоците.

Истите методи кои се користат во производството за да се намалат трошоците и да се обезбеди добра искористеност на работното време на работникот и на машината; можат да се користат и во водењето на сервисите. Безбедноста е исто толку важна во сервисните дејности како и кај производните.