Повеќе слободни пари – како резултат на помало врзување на пари во залихи

Парите се најважното средство за водење на вашиот бизнис.парите ви овозможуваат да купите репроматеријали,да ги исплатите работниците и канцеларисткиот персонал,како и да платите за други трошоци какви што се кирија,осигурување,телефон , итн.

Парите се влеваат во вашиот бизнис од пет различни извори:

  • од вашите заштеди
  • од кредити кои ги добивате од банка
  • од роднини и од пријатели
  • од продажба со одложено плаќање
  • од продажба во готово

 Во времето кога започнавте со вашиот бизнис,парите доаѓаа само од вашите сопствени заштеди и можеби од кредит.Овие пари вие ги искористивте,како прво да купите машини,алат,опрема и други средства.Тие се нарекуваат основни средства,бидејќи тие се основни за вашот бизнис за многу долг временски период.

Останатиот дел на парите,што не го потрошивте на основни средства,се нарекува обртни средства.Вие тој дел го искористивте за да купите репроматеријали  и делови за производство,како и да ги исплатите платите и надниците и другите трошоци во текот на првите неколку месеци од производството.Од тогаш натаму вие добивате пари од готовите производи кои ги произведувате и продавате.

Вообичаено,парите ги добивате на еден од овие два начина:

  • брзо,кога продавате во готово; и
  • пополека,кога продавате на кредит(одложено плаќање),бидејќи на луѓето им треба повеќе време да платат.

Парите што ги примивте од продажбата се вашите нови обртни средства.Ова е нешто малку повеќе отколку средствата што ги потрошивте за производство на стоките што ги продадовте,бидејќи имавте и добивка.Сега овие нови обртни средства ги користите за да купите нови материјали и делови,кои потоа ги претворате во нови производи,а кога овие ќе ги продадете,ова ќе ви даде уште повеќе пари во однос на тоа колку имавте потрошено.Сега можете да видите зошто овие пари се нарекуваат обртни средства:тие работат за вас;тоа ви помага да остварите добивка.

Секако,колку побрзо ги враќате готовите пари откако ќе ги потрошите,побрзо остварувате добивка и со тоа побрзо се зголемуваат вашите пари.Затоа,репроматеријалите кои ги купувате треба да се обработат и да се претворат во готови производи што е можно побрзо,за да можат да се продадат и парите од продажбата да можат да се вратат во вашиот бизнис.

Многу е лошо ако материјалите подолго се задржуваат во секој дел од вашето производство.Колку поголеми количества материјал и готови производи лежат во работилницата на залиха,толку поголеми средства се врзани во нив.

Би требало да се обидете да го организирате производството на таков начин што ќе произведувате со минимална количина материјали и полуготови производи на залиха во вашата работилница(врзани средства).

Колку поголеми залихи чувате,толку повеќе пари се врзани,и со тоа помалку пари ќе имате во рака. 

Зголемете ја својата добивка со подобро искористување на вашиот капитал – немојте да го врзувате!