Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата на МојБизнис www.mojbiznis.mk

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој МојБизнис ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на нејзината интернет страница www.mojbiznis.mk (понатаму:„интернет страница”). Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашите интернет страници.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет страницата, МојБизнис ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги и за да се информирате.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци ги обработуваме:

  • За овозможување на online користење на нашите услуги, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, како и за испраќање на информации кои сакате да ги добивате и
  • За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и информациите што ги нуди.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци МојБизнис ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во МојБизнис се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. МојБизнис применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, МојБизнис може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови МојБизнис би можел да го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Ремаркетинг

МојБизнис информациите кои ги собира преку користењето на колачиња („cookies”), би можел да ги користи за ремаркетинг за Google AdWords и Facebook.

Google, Facebook и останати трети страни прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои ги корисникот ги посетува и користи. Овие „ads” може да се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страницата на МојБизнис преку со користење на колачиња.

На пример кога со посетата на МојБизнис корисникот се интересирал за одредена услуга, со таквата активност би можело да се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страница која исто така користи “ads” на Google да му биде презентирана реклама за МојБизнис или за содржината која ја посетил на страницата на МојБизнис. Сите собрани податоци од МојБизнис ќе се користат во согласност со Политиката за приватност на МојБизнис, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.

Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и и Facebook рекламираат до нив со пристапување на следните страници: За „Google”: https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en , и за „Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/ . Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-прелистувач на начин што ќе ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. “DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот “Параметри” (Preferences) или „Поставки”(Settings) на веб прелистувачот кој го користи.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

МојБизнис има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.