Правила на користење

Веб порталот МојБизнис www.mojbiznis.mk е подготвена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа веб-страна е единствена одговорност на Тренинг Институт Коцка и Македонски Развоен Центар за Граѓански Организации (МРЦГО) и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Сите корисници на овај веб портал треба да се придржуваат кон наведените услови за користење.

МојБизнис цели кон презентирање на точни, навремени и вистинити информации од областа на креирање и управување со мали и средни бизниси, и со нивното користење Вие прифаќате и се согласувате дека веб порталот МојБизнис и неговите сопственици не преземаат никаква одговорност за евентуални грешки во текстовите или на било која од информациите кои се наоѓаат на www.mojbiznis.mk.

Користењето на информациите кои се наоѓаат на веб порталот МојБизнис го правите на сопствена одговорност, со тоа што веб страницата и нејзините поддржувачи не можат да се сметаат за одговорни за било каков вид на штета настаната од нивното користење.

Не е дозволено преземање на содржини или делови од нив без претходна согласност од редакцијата на МојБизнис. Некои текстови за кои не е назначен извор може да подлежат на авторски права согласно Законот за авторски и други стварни права, при што секое неовластено користење на истите, и непридржување кон правилата на користење подлежи на тужба.