Image by Free-Photos from Pixabay

Нови инвестиции

Како што изминува времето, машините, опремата, моторните возила, па дури и зградите, се трошат или застаруваат. Доаѓа време кога тие треба да се заменат за да се одржи ефикасноста.  Ако добро ви оди, ќе сакате бизнисот да расте. Ќе ви требаат повеќе машини, повеќе возила, поголеми згради.

Кога станува тешко да се работи со некоја машина, кога истата дава слаби резултати и почнува често да се расипува, треба да се запрашате: “Дали е време да се купи нова машина?“

Работниците на машините наскоро ќе ви кажат со какви потешкотии се соочуваат. Вашиот надзорник, доколку самите не ја водите работилницата, ќе ви каже за дефектите.

Потребно е да водите и добра машинска евиденција. Во тој случај лесно може да се види кога ќе опадне ефикасноста на некоја машина (во овој случај: број на производи на ден).

Пример

Да претпоставиме дека вие сте сопственик на преса за плочки која редовно произведувала по 1.000 плочки на ден. во текот на минатата година, работниците на пресата се жалат на потешкотии: има повеќе шкарт.

Времетраењето на дефектите, како и сметките за поправки, се зголемуваат, а дневното производство сега изнесува само околу 700 плочки.

Плочките ги продавате по 2 МКД. Во минатото, имате произведено и продадено по 5.000 плочки во една работна недела од пет дена, што ви носеше по 10.000 МКД неделно. Сега, со просечно 700 плочки дневно, машината произведува само 3.500 плочки неделно. Приходите се намалени на 7.000 МКД неделно, така што губите по 3.000 МКД неделно, или 144.000 МКД во година со 48 недели. А тоа се многу пари. Ако во минатото имавте добивка од 30 проценти при производство од 5.000 плочки неделно (т.е. 3.000 МКД), вие повеќе немате добивка. Дојдено е време да се замени пресата.

Прво треба да соберете информации за нови преси за плочки од различни производители и да ги споредите нивните цени и перформанси. Помага доколку можете да видите како работат некои од нив, или да се посоветувате со лица кои веќе ги имаат користено.

Една модерна преса секако дека подобро ќе работи отколку старата што вие ја имате. Ако пресата што вие сакате да ја набавите чини 150.000 МКД, вклучувајќи и транспорт, увозни давачки и инсталирање, а истата може да произведе 6.000 плочки во една работна недела од пет дена, вие ќе постигнете 2.500 плочки неделно повеќе отколку што добивате со старата преса, односно 5.000 МКД неделно повеќе, или 240.000 МКД повеќе за една година (48 недели).

 

Забелешка: Секој случај не е јасен како овој, кој е поедноставен. Затоа е толку важно да се има добра евиденција за ефикасноста, сметки за поправки, итн. за сите поважни машини. Само така имате добри податоци за да можете да споредите старо со ново и да се одлучите кога треба да ја направите замената.

 

Ова е голема разлика. Парите што сте ги инвестирале во новата машина ќе можете да ги повратите во рок од две до три години а трошоците и поправките исто така ќе бидат многу помали. Ќе имате помалку дефекти и плочки со подобар квалитет.