SEO – Алатки кои може да се користат

Во оваа кратка презентација на најважните алатки (бесплатни) кои можете да ги користите и комбинирате за целиот овој SEO процес кој го опфативме досега. Ова не се единствените алатки кои што постојат.

1. Алатки за аналитика

Прво нешто што ќе Ви биде потребно пред се друго останато е да ја следите аналитиката на Вашата веб страна. Од аналитиката ќе можете да дојдете до клучните зборови преку кои доаѓат посетителите од страната на пребарувачите. Ќе можете да видите од каде доаѓаат посетителите. Ќе можете да забележувате трендови. И уште многу други елементи кои ќе ви донесат квалитетни информации.

  • Google Analytics. Ова е една од најкористените алатки за веб аналитика на сопствената веб страна и алатка која мора да ја имате.
  • Google Website Optimizer. Оваа алатка овозможува да спроведете одредени тестирања на различни страни кои имаат иста намена и да проверите како различните кампањи влијаат на остварување на целта на страната и секако да ја иставите онаа страна која е подобра во исполнување на сопствената цел. Целта е да преку тестирање успеете да ја оптимизирате веб страната.

 

2. Алатки за анализа на клучни зборови

Во еден SEO процес клучните зборови претставуваат првиот столб на што се базира се она останато што ќе се изведува. Затоа како основа е да спроведете квалитетна анализа.

  • Google Adwords Keyword Suggestion Tool. Ова е одлична алатка каде што може да се започне процесот. Иако е наменета за анализа на зборови за Adwords кампањи сепак може да биде доста корисна и за овој процес на анализа на клучни зборови. Целта е да се генерираат идеи на клучни зборови преку анализа на она што луѓето внесуваат во пребарувачите кога пребаруваат.
  • Wordtracker Free Keyword Suggestion Tool. Ова е една одлична алатка која може да се искористи за идеи за клучни зборови. Имаат бесплатен и платежен сервис. Но, претставува една од најнадежните алатки кога станува збор за анализа на клучни зборови.

3. Алатки за анализа на конкуренцијата

Многу е важно да се проучи конкуренцијата за да се откријат нивните силни и слаби страни во рангирањето на пребарувачите. Силните страни ќе треба да се копираат додека слабите страни конкурентите да се направат силни за Вас. Еве неколку алатки кои може да се користат во една ваква анализа:

  • Alexa. Иако не може да се каже дека оваа алатка е прецизна и точна сепак може да се искористи за да се види некоја слика за конкуренцијата, да се направи споредба и да видат некои елементи кои конкуренцијата ги користи.

Анализа на конкуренција преку Alexa

  • Google Website Trends. Оваа алатка покажува проценка на сообраќај, топ 10 веб страни поврзани со оние анализираните, од кои земји доаѓаат посетителите и 10 поврзани клучни зборови со овие веб страни. Оваа алатка е добра доколку анализирате страни со голем сообраќај, бидејќи за помалку посетувани веб страни не дава податоци.

 

Доколку сакате да ги следите PR на Google или рангот на Alexa ќе треба да ги инсталирате нивните додатоци за интернет прелистувачот кој го користите па така ќе имате постојано увид во овие елементи во моментот кога разгледувате некоја веб страна преку Вашиот прелистувач.

Постојат безброј алатки кои во зависност од тоа што анализирате и кои Ви се потребите можете да ги користите. Ова се само еден мал дел кои како основа може да ви помогнат.