Креирање на ефикасен бизнис план
Извадена содржина од American Express® OPEN Small Business Nerwork
Започнете го вашиот бизнис опис со краток преглед на индустријата на која ќе се натпреварувате. На крајот, сакате да покажете дека сте во “жешка” индустрија со одличен долгорочен изглед. Вие исто така поставувате позиција за описот на вашата компанија, покажувајќи каде се вклопувате на пазарот.
Разговарајте за сегашната ситуација во индустријата, како и за идните можности. Исто така, треба да обезбедите информации за различните пазарни сегменти во рамките на индустријата, со посебен фокус на нивното потенцијално влијание врз вашиот бизнис. Задолжително вклучете ги сите нови производи или други случувања кои ќе имаат корист или можеби ќе му наштетат на вашиот бизнис. Дали постојат нови пазари и / или клиенти за вашата компанија? Што е со националните трендови или економски трендови и фактори кои ќе влијаат на вашето вложување?
Совети
- Слободно бидете опуштени. Можете да ја опишете вашата индустрија како што кажувате приказна. Привлечете го вниманието на читателот со силен, возбудлив јазик кој ќе го заинтересира за вашата индустрија и вашиот бизнис.
- Одговорот “зошто” го отежнува секој опис. Велејќи дека “пазарот ќе расте на 25% годишно” може да звучи импресивно. Но, што ја предизвикало таа стапка на раст? Додавањето “… бидејќи се ‘поголем број бебешки бумери сега се забавуваат дома, наместо да излегуваат”, го прави издвоен.
- Ова не е дискусија за вашата конкуренција. Таа информација ќе дојде подоцна во делот на конкурентската анализа. Наместо тоа, давате преглед на индустријата каде што вие и другите компании ќе се натпреварувате.
- Многу бизнис планови прават грешката што ги засноваат своите набљудувања на пазарот на претпоставка. Наместо тоа, вие ќе сакате да ја истражувате вашата индустрија и да ги поддржувате вашите забелешки со факти. Обрнете внимание да ги забележите сите извори.
- Трговските здруженија се одличен извор на информации за трендовите во вашата индустрија. За да ја најдете трговската асоцијација за вашата индустрија, консултирајте ја Галеовата енциклопедија за деловни и професионални асоцијации.
- Општите деловни весници и списанија(како The Economist, Wall St. Journal, или Business Week) и трговските весници и списанија (оние кои покриваат одредена индустрија) често ги објавуваат и трендовите во индустријата. Многу истражувачки и универзитетски библиотеки (имаат, поседуваат, располагаат со) разни трговски публикации и билтени.
- Не плашете се да вклучите негативни информации за вашата индустрија. Дискутирајќи за можните пречки на патот со кои може да се соочи вашата компанија покажувате дека имате реален поглед на пазарот.
- Ако цитирате информации од одредени статии на весници, списанија или истражувачки извештаи, можеби ќе сакате да вклучите копија во прилогот на вашиот бизнис план.