Публикација: Институционална соработка помеѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот

Кликнете тука за да ја погледнете публикацијата.

Оваа публикација е изработена во рамките на проектот “Паметна алатка за управување со бизнис (Smart tool for business management)”, кој го спроведува Здружението КОЦКА Институт за Обука од Скопје, во партнерство со Здружението Mакедонски развоен центар за граѓански организации(МРЦГО) исто така од Скопје, со финансиска поддршка обезбедена преку “Грантовата шема за имплементација на проекти за зајакнување на конкуретноста во земјата“ во рамките на “Националната програма за подршка за транзиција и институционално зајакнување 2014, Инструмент за пред-пристапна помош (ИПА)“ поддржана од ЕУ.

За изготвувањето на оваа публикација, претходно беше изготвена Студија за институционалната соработка помеѓу трите сектори од страна на проф. д-р Саво Ашталкоски, како експерт од економските науки, на што му предходеше истражување и анализа на состојбата и заедно со проектниот тим кој го спроведуваше проектот ги разгледаа постоечки модели кои научната јавности ги нуди за соработка помеѓу трите сектори и разгледаа практични примери на успешни модели за конкретна соработка помеѓу трите сектори кои се применуваат во земјите од ЕУ и би можеле да се применат или се применуваат во нашата земја.

Публикацијата е поделена во три поглавја каде во првиот дел се дава општ преглед на состојбата со институционалната соработка за поддршката на малите и средните претпријатија во кој е направено анализа на моменталнта состојба, постоечките институции и постоечките програми за поддршка на малите и средните претпријатија.
Во второто поглавје се разгледани моделите на соработка помеѓу бизнис секторот, граѓанскиот сектор и јавните институции. Во ова поглавје се опишани моделите на тројна, кватро и квинта хеликс модели кои се предложени како иновативни модели на соработка и споеделување на знаењето.

Во третотo поглавје е разгледан моделот на ЛИДЕР програмата на ЕУ, како студија на случај, кој се користи повеќе од 20 години во земјите од ЕУ, како алатка за подобрување на условите за живот во руралните подрачја и поттикнување на локалниот развој во руралните подрачја преку заедничка работа и соработка на трите сектори.

Кликнете тука за да ја погледнете публикацијата.