Фазите во производството

Фазите во производство секогаш следат една по друга по ист редослед,независно за кој производ се работи.

ФАЗА 1 – СКЛАДИРАЊЕ

Материјалите и деловите кои се купени пристигнуваат во магацинот за репроматеријали.Тие се проверуваат и се складираат додека не затребаат.

ФАЗА 2 – ОБРАБОТКА

Репроматеријалите се обработуваат ,на пример со сечење,пилење , машинска обработка или шиење.

ФАЗА 3 – МОНТАЖА

Деловите се составуваат за да се добие проиводот(односно се врши монтажа или асемблирање).Во случај производот да е  едноставен – брашно ,а памучно предиво или челични прачки – нема монтажа

ФАЗА 4 – ЗАВРШНА ОБРАБОТКА

Се врши завршна обработка.Ова вклучува,на пример фарбање ,полирање , перење,боење или лепење.

ФАЗА 5 – КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ

Е врши контрола заради проверка дали производот исправно е произведен и дали е подготвен да се испрати до купувачот.

ФАЗА 6 – ПАКУВАЊЕ

Производот се пакува,подготвен да се испрати до клиентот.

 

Секоја од фазите во производството има свои трошоци.Некои од овие трошоци се неизбежни,бидејќи ви требаат репроматеријали,работна рака и енергија за да го изработите вашиот производ.Меѓутоа,во производниот процес износот што се троши на овие нешта честопати е поголем отколку што би требало да биде.Ова доведува до големи трошоци.Главните причини за овие големи трошоци се:

  • загуби во репроматеријалите
  • Загуби на работно време
  • Загуби во машинско време
  • Загуби заради врзување на премногу работни средства

Важно е вашите стоки да се произвеуваат со најмали можни загуби. Губитоците ги зголемуваат трошоците за производот и ај намалуваат можната добивка.

Колку поевтино можете да произведете, толку поевтино можете да продадете, така што:

  • Повеќе луѓе ќе ја купуваат вашата стока и
  • Подобро ќе можете да конкурирате на други производители

Намалете ги вашите трошоци со намалување на загубите, и ќе добиете поголема добивка.