Распоред на работилницата

Распоред на работилницата е начинот на кој машините, работните маси и местата за складирање во работилницата се поставени во сооднос едни на други.

Добар распоред значи дека производот патува и со него се ракува што е можно помалку помеѓу производните фази, и луѓето одат наоколку што е можно помалку. Лош распоред значи дека прозиводот патува и со него се ракува премногу во текот на произвоството, и дека луѓето треба премногу да одат наоколку.

Лошиот распоред ќе ве чини повеќе бидејќи на производите им треба повеќе време да се произведат отколку што е потребно. За да се постигне истиот излез, потребно е:

  • повеќе работници
  • Повеќе машини
  • повеќе простор(поголема фабрика)

Сите овие нешта значат зголемени трошоци.

На овој начин се намалува добивката и можно е дури да изгубите и нарачки од компаниии кои нештата ги прават подобро. Тоа се ваши пари што ги губите.

Со лош распоред,производот се шета горе-долу помеѓу одделните производни процеси. Ова доведува до губење на работно време, загуби во машинско време, што предизвикува губење на нови работи.

Просторот се користи на лош начин.

Добриот расоред е најважен кога производот или материјалите што се користат се тешки или големи како на пр. Кај обработката на дрво, машините сечат многу брзо. Ако машпините се во правилен распоред, има малку доцнење помеѓу фазите на производство. Времето потребно за преместување на големи и тешки парчиња дрво од еден магацин до друг, во работнилницата или врз машините, може да биде пет или десет пати подолго отколку самото време на сечење.

Ако сте во дејност каде што треба да се ракува и да се работи со тешки материјали, размислете како да го намалите времето на ракување.

Не секогаш можете да постигнете најоптимален распоред, на пример во стара фабричка зграда, меѓутоа, нешто што можете да направите е да бидете уредни

  • Одржувајте ја вашата работнилница уредно – ставете се на свое место така што лесно моќе да се најде
  • приодите чувајте ги чисти и уредни
  • уредноста заштедува време и дава безбедност