Раководење со трговски застапници

Сите во ова поле на делување, вклучувајќи ве и вас, се теренски трговски застапници.

Писмата кои ги пишувате, начинот на кој се напишани, начинот на кој се одговара на телефон, колку брзо одговарате на писма, што превземате во врска со поплаките – сето тоа заедно им дава на надворешните лица (лица кои би можеле да купат од вас) слика за добро водено работење со добар сопственик и добар персонал, или слабо водено работење со слаб сопственик и слаб персонал.

Трговските застапници кои ги вработувате за продажба на вашите стоки исто така им наваат претстава на луѓето за тоа какво е вашето делување. Продажбата може да биде осамена и заморна работа. Времето на вашите трговски застапници им го трошат лица кои не доаѓаат навреме на закажани состаноци. Купувачите дури понекогаш излегуваат без да остават порака или ќе ги остават да чекаат еден или повеќе часа. Некои луѓе сметаат дека не треба да се учтици со ваквите продавачи и многу се навредливи. Сепак, трговските застапници мораат да бидат добро облечени, учтиви и трпеливи, никогаш не треба да се изнервираат и мораат добро да ги познаваат стоките што ги продаваат. Тие се амбасадори на вашето работере и фирмата ќе се оценува преку тоа како тие се однесуваат.

Трговските застапници мора да воспостават добра комуникација со муштериите кои ги посетуваат. Не е добро да се испради груб човек, колку и да е добар во својата работа, да посетува образовани лица. Сепак, трговските застапници кои посетуваат уметници и мали трговци мораат да се едноставни лица, способни да зборуваат на нивниот јазик. Треба, исто така, да ја познаваат работата на млите трговци и начинот на користење на производот што го продаваат.

Обучете ги вашите трговски претставници за вашите производи, особено ако се тие технички (машини, алатки, електрични апарати, ѓубрива, медикаменти и сл.). Проверете дали го имаат образованието и техничките познавања потребни за да можат да разговараат и со технички лица. Голем број произведувачи, фармери, градежници и други, кои користат технички производи, стекнуваат доверба во некој трговски застапник кој може да ги посоветува, не само за производите кои ги продаваат, туку и за нивното работење. Ќе ги примат дури и кога не примаат никој друг и ќе им купат производи – ваши производи.

Еден начин на кој можете да им помогнете на вашите трговски застапници – и да добиете повеќе нарачки – е сите писма, прашања, извештаи и жалби од клиентите/купувачите веднаш да се разрешуваат.

Ако стигнале барања за информации или поплаки на кои не можете веднаш да одговорите, бидејќи треба да го проучите или да соберете повеќе информации, сипратете писмо или дури и картичка, наведувајќи дека сте го примиле нивниот допис и дека ќе одговорите веднаш штом ќе можете.

Запомнете – вашиот трговски застапник е лицето кое мора да се врати и да се види со муштеријата, и муштеријата ќе му биде лут ако не му одговорите. Брзи одговори и учтивост ќе го афирмираат вашиот претставник и ќе го подобрат вашето делување во очите на муштериите.