Размислете што е тоа што го сакаат Вашите клиенти

Бизнисмените мораат да си ги знаат муштериите. Мораат да ги најдат вистинските одговори на прашања како што се:

  • Кому се обидувам да му продадам?
  • Каков дизајн, бои, големини и друго сакаат тие?
  • Каде се муштериите – во главниот град, во внатрешноста, во малите градови или на село?
  • Кога купуваат – преку цела година, во зима, во лето, за време на празниците?
  • Колку парчиња сакаат, можат ли да си ги дозволат и дали јас можам да ги продадам?

Изнаоѓањето одговори на овие и на други прашања се нарекува маркетинг истражување. Можете да дознаете многу од:

  1. Вашите книги за порачки
  2. Вашите застапници на продажба
  3. Продавачи на големо и на мало на кои им продавате
  4. Муштерии кои ги користат вашите производи
  5. Каталози на други производители
  6. Стопанска комора