Продажна документација

Добрата евиденција за продажба е многу важна. Колку повеќе стоки и производи продавате толку е поважна продажната документација.

Од продажната документација можете да видите:

  • Дали вашата продажба се покачува, опаѓа или останува иста, од месец до месец и од година до година;
  • Кои стоки или производи добро се продаваат, кои се продаваат лошо, кои се тие чија продажба расте, а на кои продажбата им опаѓа;
  • Во кои предели продажбата е најдобра, најлоша или само просечна;
  • Кој дизајн или модели муштериите ги сакаат најмногу;
  • Како им оди на вашите трговски претставници;
  • Како се продаваат новите производи;
  • Дали кај постарите производи продажбата опаѓа.

Ако ги имате овие информации при рака, лесно ќе можете да ја следите продажбата. Ако продажбата почне да ви опаѓа, морате да откриете зошто е тоа така.

ЗОШТО ОПАЃА ПРОДАЖБАТА?

Ова може да е последица на повеќе фактори:

  • Некој од вашата конкуренција можеби прави специјални напори во продажбата;
  • Вашиот производ можеби застарува;
  • Можеби имате лош трговски претставник;
  • Муштериите се можеби незадоволни од вашиот квалитет (премногу производи со грешка), од вашата испорака (касно, погрешни количини), или од вашите услуги.

Честопати кога производителите ќе направат многу различни модели на производи, само 10 проценти од производите се продаваат добро и остваруваат добивка. Останатите 90 проценти создаваат мала добивка, а понекогаш дури и загуби.

Добра продажна документација ви овозможува да ги видите промените во продажбата, да откриете што се случува, и доколку продажбата е лоша да сторите нешто за да ја подобрите пред да стане предоцна.

Добро книговодство значи дека можете да видите што значат податоците за продажбата, така што ќе можете да видите на кои производи имате добицки, а на кои не.