Пресметка на приходи и расходи

Пресметката на приходи и расходи ви кажува дали со вашиот бизнис е направена добивка во определен временски период (т.е. три месеци, шест месеци или една година) и дали пристигнатите пари во бизнисот во тој период се поголеми или помали од парите кои се исплатени.

Податоците за примени и исплатени пари кои ги евидентирате во вашата пресметка на приходи и расходи произлегуваат од вашето книговодство, претежно од вашата главна книга.

Колоната во вашата главна книга која ви кажува колку пари се пристигнати во определен период е Продажбата (залиха на готови производи).

Колоните од вашата главна книга ќе ви кажат колку од исплатените пари се за суровини, плати, камати и друго.

Во вашето работење, исто така, работите и со четири други работи кои ви помагаат да направите добивка. Тоа се залихи, луѓе на кои им должите пари (добавувачи), луѓе кои вам ви должат пари (должници) и машини и алатки (основни средства).

Ако сакате да го прикажете вистинскиот износ на добивката во вашиот бизнис, морате да ги прикажете и примените пари и исплатените пари на овие работи во пресметката на приходи и расходи. За да се забележат информациите за секоја од нив соодветно, треба да водите четири помошни книги (видете го делот “Книговодство“). Тоа се:

  • Книга на залихи (промет);
  • Книга на основни средства;
  • Книга на влезни фактури;
  • Книга на излезни фактури.

Од книгата на основни средства можете да видете колку вредноста на вашите машини и друга опрема е намалена во дадениот период.

Од книгата на влезни фактури ќе дознаете дали обврските кон добавувачите се зголемени или намалени во дадениот период.