Посебни услови за туристичка дејност

Посебни услови за туристичка дејност

Посебни услови:

  • туристичка дејност можат да вршат трговски друштва и трговци поединци регистрирани во трговскиот регистар (вршители на туристичка дејност) под услови и
    начин утврдени во законот.
  • Трговското друштво и трговецот поединец
    во зависност од видот на услугата што ја дава може да биде туристичка агенција и
    туристичко биро.
  • Трговецот поединец кој што туристичката дејност на туристички водич или туристички придружник ја врши како занимање, постојано го носи називот туристички водич или туристички придружник.
  • За вршење на туристичка дејност објектите треба да ги исполнуваат пропишаните минимално-технички услови и другите услови пропишани со закон.
  • Министерот кој раководи со органот на
    државната управа надлежен за работите од областа на туризмот ги пропишува минималнотехничките услови преку соодветни подзаконски акти

 

Исто така, за регистрација на микро, мало или средно препријатие за вршење туристичка дејност, покрај основните услови предвидени со ЗТД, овој Закон предвидува и дополнителни, како дозволи за вршење на оваа дејност:

  • Агенцијата треба да поседува соодветна лиценца
  • Вршителите на туристичката дејност, дејноста ја вршат во деловен објект.
  • Просторот на деловниот објект не смее да се користи за друга намена (домување и производство), освен давање на другите услуги наведени во членот 2 точка 2 на овој закон.
  • Деловниот простор не мора да биде засебна деловна целина ако тој простор се наоѓа во објекти наменети за трговски и банкарски ктивности, во хотели, во саемски простории, во терминали на патен, воздушен или наутички сообраќај

 

Туристичката агенција зависно од лиценцата ги има и следниве права и обврски:

  1. На влезот на деловниот простор да ја истакне фирмата;
  2. Назнаката “туристичка агенција”, патничка агенција и вообичаените изрази какви што се “tours”, “travel” и слично во фирмата можат да ги користат туристичките агенции;
  3. Кога продава пакет аранжмани, да му даде на потрошувачот општи информации во врска со пасошот ни визата кои се однесуваат на граѓаните на република македонија, а особено во врска со времето потребно за да се добијат, како и за здравствените формалности неопходни за патувањето и престојот;
  4. Да даде информација на барање на корисникот на услугите во кое својство настапува и колкави се неговите овластувања, ако застапува друга туристичка агенција; 5) да склучи договор со корисникот на услугата во кој ќе бидат јасно определени условите и начинот на давање на услугите;
  5. Во промотивните печатени материјали, како и во сите работни документи, видливо да се истакне фирмата и седиштето на туристичката агенција;
  6. Да склучува договори само со сообраќајни претпријатија чии превозни средства ги исполнуваат условите определени со пропис од областа на јавниот патен сообраќај;
  7. Да склучува договори и да презема други деловни активности само со угостителски правни субјекти кои поседуваат лиценца и категорија на објектот;
  8. Да чува како деловна тајна се што знае за корисникот на услугите и неговото однесување и без негово одобрение, освен во законските пропишани услови на никого не смее да му ги даде адресата на корисникот на услуга, местото и времето на патувањето, престојот, уплатената цена, како и името на неговиот сопатник;
  9. Да се придржува кон утврдените услови во договорите кои ги воспоставува со корисниците на услуги и третото лице како давател на услуги;
  10. За продажба на авиобилети туристичката агенција мора да има вработено лице со иата сертификат;
  11. На видно место во туристичката агенција да ја истакне лиценцата или копија заверена од нотар;
  12. Да ги истакне цените на туристичките аранжмани и поединечни услуги;
  13. За секоја продадена услуга или аранжман да издаде сметка од фискална каса, како и туристички ваучер за сместување и други услуги на корисникот на услугата;
  14. При продажбата и реализацијата на услугите да се придржува на договорот и програмата за туристичкиот аранжман и
  15. На видно место на влезот на туристичкиот објект да го истакне видот на платежните картички кои можат да се користат.