Мал број или многу различни производи?

Грешка која ја прават произведувачите е што се обидуваат да продадат секому. Создаваат премногу различни видови стоки, или премногу големини или модели на истите стоки. Понекогаш е течко да се одлучи што да се произведе. Ако сте кројач, дали треба да правите само машки бели кошули, во што сте вешти, или треба да правите и спортски кошули или женски блузи или фустани… ?

Колку повеќе различни стоки или модели ќе произведете, толку повеќе ќе избираат вашите муштерии, меѓутоа, повеќе ќе ве чини да го произведете секој производ. Причина за тоа е што ќе купите разновидни материјали во помали количини; ова ќе ве чини повеќе и нема да можете да си го организирате производството толку добро. Вашите конкуренти кои произведуваат само еден или два производа во голем број, можат да продаваат поевтино од вас.

Ако сте сигурни дека вашиот производ е добар, но дека слабо се продава, треба да посветите поголемо внимание на вашиот маркетинг. Не обидувајте се да правите повеќе различни предмети, туку обидете се да го продадете тоа што веќе го произведувате.