Канцелариска опрема

На располагање ви стојат голем број машини кои можат да ви помогнат во вашата канцелариска работа (т.е. компјутери, калкулатори, печатачи и сл.). Многу од овие машини се скапи. Меѓутоа, битна набавка за вашето работење, веднаш штом ќе можете тоа да си го дозволите, треба да биде компјутер. Купете ја најдобрата што можете да си ја дозволите, бидејќи писмата од вашата канцеларија создаваат впечаток за вашето работење кај муштериите. Како што ќе се проширувате, можете да размислите дали е потребно да се инвестира во фотокопир. Меѓутоа, прво обезбедете да имате доволно работа за да може таквата набавка да ви биде корисна; инаку продолжете да користите фотокопирница се додека не се зголеми количината на потребното фотокопирање.

ЗАПОМНЕТЕ: ВАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРВИОТ ВПЕЧАТОК КОЈ ЛУЃЕТО ГО ДОБИВААТ ЗА ВАШАТА ФИРМА

ОРГАНИЗИРАЈТЕ ЈА ЕФИКАСНО!