Деловни писма

Луѓето кои сами го водат својот бизнис треба да комуницираат со муштериите или со добавувачите со помош на писма. Деловното писмо честопати може да биде првиот впечаток што муштериите ќе го добијат за вашиот бизнис.

За да изготвите добри деловни писма, треба да го запомните следното:

  • Првиот впечаток од едно писмо е многу важен. Проверете го изгледот и распоредот на вашите писма. Дали изгледаат добро? Дали напишаното или отчуканото изгледа уредно? Дали уводникот во писмото изгледа уредно и читко?
  • Обмислете ја целта на секое писмо што го пишувате. Дали е тоа писмо со кое се бараат пари, писмо со кое се нарачува стока, жалба за лошо дадена услуга, или писмо со кое се бара кредит? Јасно и кратко наведете ја целта.
  • Писмото започнете го со главната мисла која сакате да ја кажете и избегнувајте да пишувате само учтиви зборови.
  • Пред да издиктирате некое писмо, запишете ги сите потребни информации. Најлесниот начин ова да се стори е да ги наведете поентите кои сакате да ги искажете и потоа околу нив да изградите параграфи.