Финансиска анализа

Финансиската анализа ги користи податоците од вашето книговодство и другите книги за да види дали вашите делување е добро или лошо.

За да можете да одлучите како ви оди работењето и дали оди на подобро или на полошо, морате да обезбедите писмена евиденција.

Добрата документација ќе ви помогне во подобро одлучување и раководење со вашата дејност. Нема потреба да бидете книговодител за да ги разберете основите на финансиската анализа.

Финансиската анализа обезбедува информации кои ќе ви овозможат да знаете:

  • Колку пари се наплатени и како се трошеле парите во одреден временски период. Исто така, ви кажува дали вашето делување е со добивка или со загуба;
  • Колку пари и предмети се сопственост на вашата фирма и колку таа должи на определен дарум;
  • Како и кога ќе влезат пари во фирмата и како и кога ќе излезат (прилив и одлив на финансиски средства) од неа во следните неколку месеци.

Информации можете да добиете доколку сите промени ги евидентирате во:

  • Пресметка на приходи и расходи;
  • Биланс на состојба; и
  • План за паричен тек.