Кога ќе пристапите на потенцијалниот финансиер за да обезбедите позајмување за започнување или проширување на вашиот бизнис, најдобро е да бидете свесни за некои термини кои се користат и што тие значат.
- Сметки за примање на финансии – заем добиен со позајмување (должници). Кредитите се исплатуваат како наплата на долгови.
- Ангел инвеститор – поединец кој ги инвестирате неговите или нејзините сопствени пари во претприемачка компанија
- Годишен надоместок – износ наплатен од страна на давателот на кредитот секоја година за покривање на административни трошоци на кредитот
- Мост на финансирање – ограничен износ на капитал или краткорочно финансирање на долгот кое се користи како “мост” во следен круг на финансирање
- Бизнис кредитна картичка – сума на пари каде што една компанија ќе може повторно да позајмува, кога е потребен капитал, со користење на картичката пристапува до парите
- Кредити за комерцијална сопственост – слично на обврзницата на вашата куќа, но за осигурување се користи деловен имот. Каматните стапки обично се фиксни, должината на кредитот може да варира и плаќањата се вршат месечно.
- Комерцијални кредитни заеми – кредити одобрени на компании кои можат да бидат осигурани и неосигурани. Овие кредити обично се подготвуваат за средни или големи компании.
- Кредитен рејтинг – предвидување на вашата способност е да го вратите кредитот. Кредитен рејтинг е резултат на кредитно бодување (види подолу)
- Кредитен извештај – финансиска историја која ја обезбедува кредитно информативна компанија, која содржи кредитни информации за бизнисот или поединецот, вклучувајќи и историја на плаќање со банкарски картички, рачуни, хипотека, студентски кредити инт…
- Кредитирање – систем на проценка која го користат институциите за кредитирање за да се одреди кредитниот ризик на компанијата или потрошувачот. За време на проценката генерално се земаат во предвид фактори како што се историја на плаќање на кредити, нов кредит кој го бара сопственикот на компанијата , како и финансиска сила и долговечноста на бизнисот.
- Финансирање на долг – кредит со претходно договорени услови вклучувајќи распоред за отплата и каматна стапка.
- Due Diligence – процес на длабинска анализа на бизнисот, каде што инвеститорот спроведува истражувања пред да донесе конечка одлука за продолжување.
- Закуп на опрема – закуп кој им дозволува на компаниите да купуваат нова опрема.
- Фиксна каматна стапка – каматна стапка која е иста за време на траење на заемот.
- Каматна стапка – износ кој го наплаќа давателот на позајмените пари. Може да биде фиксна или променлива.
- Финансирање на залихите – пари позајмени врз основа на направен попис на инвертарот. Кредитот се плаќа кога инвертарот се продава.
- Рок на заем – времетраење во кое должникот мора да го отплати долгот.
- Долгорочен долг – финансирање кое се користи за купување или подобрување на средствата како што се погони, објекти, голема опрема и недвижен имот.
- Рок на позајмување – век на траење на кредиот, за колку долго морате да го отплатите кредиот. Обично се однесува на самите кредити, а не на кредитни линии.
- Околина со повеќе позајмувачи – бројни институции за позајмување кои го делат истото место и и информации за да обезбедат инстант финансирање за малите бизниси.
- НДА (договор за необјавување) – договор што го издаваат претприемачи за потенцијалните инвеститори за заштита на доверливоста на нивните идеи кога ќе се откриваат тие идеи до трети страни.
- Пречекорување – износ на пари што една компанија може да ги позајми кога има потреба од капитал. Често се пристапува преку чек, банкомат или бизнис картичка.
- Лична гаранција – гаранција дека примарниот сопственик ќе преземе лична одговорност за враќање на заемот, ако компанијата не го отплати кредитот.
- Главна стапка – стапка во која давателот на кредиг ја наплаќа на своите најдобри клиенти. Стапката се пресметува различно од секој кредитор.
- Револвинг кредит – тоа е истото како и кредитна линија: сума на пари, која компанијата може да позајми во време кога и е потребен капитал; често се пристапува преку чек, банкомат или бизнис картичка.
- Обезбеден заем – заем обезбеден со посебна сигурност. Доверителот може да го затвори и заплени имотот што се користи како гаранција за да се задоволи неисплатениот кредит.
- Краткорочен долг – финансирање што се користи за обезбедување на готовина за плаќање на сметки и акции.
- Долг заем – заем за одреден износ на пари. Има или фиксна или променлива каматна стапка, созрева во пропишан број на години и има распоред за отплата.
- Необезбеден заем – заем даден и поради добар кредит на позајмувачот, без обезбедување.
- Променлива каматна стапка – каматна стапка што се менува за времетраењето на заемот.
- Финансирање на ризичен капитал – инвестиција во почетен бизнис за кој се смета дека има извонредни можности за раст, но нема пристап до надворешен капитал.