Трговец поединец

Трговец поединец претставува:

  • физичко лице, кое во вид на занимање, врши некоја од трговските дејностиопределени со Законот за трговски друштва;
  • трговецот поединец одговара за своите обврски лично и неограничено со сиотсвој имот;
  • како трговец поединец може да се запише во трговскиот регистрар секое
    деловно способно физичко лице со постојано место на живеење во РМ.

Согласно членот 13 од ЗТД, не може да биде регистрирано како трговец-поединец физичко лице:

  • над кое е отворена стечајна постапка,
  • физичко лице за кое, со правосилна одлука на судот, е утврдено дека со умисла предизвикало стечај, поради што доверителите не можеле да ги наплатат своите побарувања додека трае забраната за вршење на дејноста утврдена со одлуката на судот и
  • физичко лице на кое надлежен орган, врз основа на закон, му забранил да врши некоја од дејностите определени со овој закон, додека трае забраната

Пријава за упис на трговец поединец во трговскиот регистар се поднесува во електронска форма потпишана со електронски потпис согласно со Системот за е-регистрација од физичкото лице кое бара да биде запишано како трговец поединец или негов полномошник со посебно полномошно во коешто се наведуваат податоците што се запишуваат во трговскиот регистар или преку регистрационен агент.

Кон пријавата за упис се приложува електронски заверен потпис на трговецот поединец согласно со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.

За регистрација на трговец поединец потребни се следните документи кои табеларно ќе бидат прикажани согласно методологијата на изворот на податоци.

ИД Потребни прилози Од кој треба да е дигитално потпишан? Кој го издава/создава документот? Забелешка
1.2.1.1 Пријава за упис согласно член 14 од ЗТД Основачот Основачот
1.2.1.2 Фотокопија од документ за идентификација за нов содружник физичко лице (лична карта или пасош) Подносителот Надлежна институција
1.2.1.3 Изјава по член 29 од ЗТД Основачот Основачот
1.2.1.4 Одлука за основање на подружница Основачот Основачот

 

Извор:http://e-submit.crm.com.mk/eFiling/informativni-sodrzini/podnesete-prijava-vo-3-cekori/podgotvete-dokumentacija/podgotvete-gi-potrebnite-akti.aspx