Информации на Европска Регулатива за Заштита на Општи Податоци (GDPR)

Вовед

Овие информации се однесуваат на правата на граѓаните на ЕУ во врска со обработка на личните податоци од страна на МојБизнис во склад со правилникот за Европска Регулатива за Заштита на Општи податоци (GDPR).

  1. Содржината на оваа веб-страна е единствена одговорност на Тренинг Институт Коцка и МРЦГО и во никој случај не може да се смета дека е одраз на ставовите на Европската Унија.

Тренинг Институт КОЦКА
Кукушка 4А, 1000 Скопје, Македонија
+389 2 2460876
info [at] kocka.mk

  1. Лични податоци обработени од МојБизнис и извори од кои се добиени

МојБизнис ги обрабротува личните податоци кои ги добива од клиентите при вклучување на работниот однос. Релевантни лични податоци вклучуваат (име, презиме, адреса, број за контант, датум и место на раѓање и националност), податоци за ингеренциите (на пр. податоци за идентификација) и податоци за автентикација (на пр. за потпис).

  1. Цели и законска основа на обработка на податоци во МојБизнис

МојБизнис ги обработува личните податоци за исполнување на обврските од договорот во склад со интересите, врз основа на законските обврски или јавниот интерес, како и врз основа на дадената согласност на клиентот.

3.1. Исполнување на обврските од договорот (Член 6/1/b, GDPR)

Обработка на лични податоци се врши заради отпочнување на банкарски активности и финансиски услуги за реализација на договорот кој е склучен со клиентите. Обработка на податоците првенствено се врши на одреден производ ( на пример, сметки, заеми, дебитни и кредитни картички, осигурување и штедни влогови), а целите може да вклучуваат анализа на инвестициски цели, давање на совети, услуги за управување со средства, извршување на трансакции, вклучувајќи и споделување на податоци со други компании или трети земји, според упатствата за плаќање.

3.2. Легитимни интереси (Член 6/1/ф, GDPR)

Доколку е потребно МојБизнис ќе ги обработи податоците подолго од минималниот дефиниран рок со цел да ги изврши услугите кои им ги дава на клиентите, како и за заштита на интересите на клиентите. Ги опфаќа следниве случаи:
• рекламирање на услугите на МојБизнис, врз основа на согласнот за користење на лични податоци
• правни и регулаторни барања;
• заштита на ИКТ безбедносните системи на МојБизнис;
• градење и поставување на безбедносни мерки (на пр. контрола на пристап);

3.3 Во склад со законски одредби  (Член 6/1/ц, GDPR) или во јавен интерес (Член 6/1/е, GDPR)

МојБизнис ги процесира личните податоци заради персонализиран маркетинг и известувања кои корисникот сака да ги добива.

3.4. Врз основа на согласноста на клиентите (Член 6/1/a, GDPR)

МојБизнис ги обработува личните податоци врз основа на согласност за обработка на лични податоци за одредени цели ( на пр. за маркетинг цели). Согласноста може да се повлече во секое време, вклучувајќи ја и согласноста дадена при спроведување на GDPR, т.е. пред 25 мај 2018 година. Повлекување на согласноста нема да влијае на податоците кои притоа се обработувале.

  1. Пристап до лични податоци во МојБизнис

На вработените во организацијата МојБизнис им се потребни податоци за исполнување на договорените и законски обврски. МојБизнис може да обезбеди информации за клиентите само доколку тоа законски е можно или доколку самиот клиент дал согласност да го стори тоа. Според тоа корисници на лични податоци можат да бидат: државни органи, субјекти кои имаат јавни овластувања или институции, доколку постои законска обврска.

  1. Колку долго е складирањето на податоците

МојБизнис ги обработува и чува личните податоци онолку долго колку е потребно за да ги исполни своите договорени и законски обврски.

  1. Префрлање на податоците во трета земја

Личните информации се префрлаат во трети земји ( земји на ЕУ, како и земји надвор од ЕУ) само доколку тоа е пропишано со закон/пропис или врз основа на дадена согласност.

  1. Права на заштита на податоците на клиентите

Според GDPR, права за заштита на податоци се: право на пристап (Член 15, GDPR), право на исправка (Член 16, GDPR), право на бришење (Член 17, GDPR), право за ограничување на обработка (Член 18, GDPR), право на приговор (Член 21, GDPR) и право на пренесување на податоците (Член 20, GDPR).

  1. Обврски за обезбедување на лични податоци на МојБизнис

Во рамките на воспоставениот деловен однос, клиентот е должен да ги достави до МојБизнис личните податоци потребни за отпочнување и изршување на деловниот однос, т.е. исполнување на соодветни обврски од договорот. Согласно  Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризмот. МојБизнис има посебна обврска да го идентификува клиентот пред да воспостави деловен однос (да обезбеди податоци како што се име, презиме, место и датум на раѓање, националност, адреса и други идентификациони податоци, како и копија на личен документ) и во одредени временски интервали ги ажурира документите за идентификација за време на траење на деловниот одност.

  1. Автоматизирано донесување на одлуки

МојБизнис не користи целосно автоматизирано донесување на одлуки во согласност со Член 22 од GDPRза воспоставување и извршување на деловен однос. На барање на клиентот МојБизнис ќе обезбеди  подетални информации за нив

.

  1. Профилирање

МојБизнис ги обработува личните податоци на делумно автоматизирана основа за да ги користи  за проценка на одредени лични аспекти, а особено за анализа или предвидување на аспекти, како што се:

  1. Инфорамции во врска со право на приговор во склад со Член 21 од GDPR

Клиентот има право на приговор, во било кое време, во врска со обработка на неговите/нејзините личните податоци, врз основа на Член 6/1/ц, GDPR(обработка на податоци од јавен интерес) и Член 6/1/ф, GDPR(обработка на податоци врз основа на легитимни интереси). Ова исто така се однесува на секое профилирање на оваа одредба во смисла на Член 4 точка 4, GDPR, што МојБизнис го користи во рекламни цели.

Во случај на приговор МојБизнис нема да продолжи да ги обработува личните податоци, освен ако не постои правен или легитимен интерес во обработка на лични податоци кои ги надминуваат правата за заштита на лични податоци. МојБизнис користи одредени лични податоци за потреби на директен маркетинг. Клиентот во било кое време има право да се спротивстави на на таква обработка на лични податоци кои се однесуваат на ваквиот маркетинг. Ова исто така се однесува и на профилирање, до степен кој се однесува на директен маркетинг. Во случај на приговор за обработка на целите на директен маркетинг МојБизнис повеќе нема да обработува лични податоци за таа цел.

Оваа жалба не подлежи на никакво формално барање и треба да се испрати на:
Тренинг Институт КОЦКА
Кукушка 4А, 1000 Скопје, Македонија
+389 2 2460876
info [at] kocka.mk