ПРЕТПРИЕМНИШТВО – САМОВРАБОТУВАЊЕ СО КРЕДИТИРАЊЕ

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: КРЕДИТИРАЊЕ 2019 (ПЕТТИ ПРЕСЕК)

НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ВАЖИ ОД 01.02.2020 ДО 31.12.2020

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 25.09.2019 година објавува:

Ј А В Е Н О Г Л А С

за невработените лица

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

-Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;

– Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства;

– Каматна стапка од 1% на годишно ниво;

– Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);

– Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, каде може да се добијат и подетални информации за проектот.

Воедно, заинтересираните лица можат да се информираат и на веб-страната av.gov.mk, како и на телефонскиот број 02/3111-850.

 

Превземено од АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА