Распоред на работното место

Распоредот на работното место е начинот на кој се поставуваат алатите и материјалите и како се складираат завршените производи на местото каде што се работи.

Безбедност

Безбедноста во работилницата е извонредно важна како за вас така и за вашите работници.Како сопственик/менаџер вие одговарате за повредите и болестите што се предизвикани од слаби стандарди на безбедност,или од непознавање на разиците на кои сте изложени вие и вашите работници.Безбедност значи не само спречување на несреќи туку и правење нешто за подобрување на лоши работни услови,како што се голема врева или слабо осветлување,опасни течниости или гасови , итн.

Запомнете дека,ако нешто се случи бидејќи не сте и позветиле доволно внимание на безбедноста во работилницата,на други луѓе им создавате болка и патење,а може да се заврши со тоа цел век да им плаќате за штетите.

Постојат неколку мерки кои може да ги преземете со цел да го заштитите здравјето и безбедноста на вашите работници:

  • Организирајте ја работата така што различните фази можат да се извршувааат рамномерно и без притисок.Голем број несреќи се случуваат кога луѓето во работлницата се движат од едно до друго работно место,или кога прибираат репроматеријали или кога ги носат готовите производи.
  • На вашите работнииц дајте им детални упатства како да се користат машините,алатите и хемикалиите,пред да започнат со работа.Проверете дали безбедносната опрема која ја обезбедувате навистина се користи од страна на вашите работници.Никогаш не дозволувајте некој работник без соодветна обука да поправа или да монтира машини.
  • Избегнувајте посетители сами да се шетаат по работилницата.Луѓе кои не се запознати со вашиуот бизнис можеби немаат доволно почит кон алатите и машините.
  • Секогаш размислувајте за безбедносните фактори кога инвестирате во нови машини. Побарајте писмени упатства за нивото користење.