Проценка на финансиската состојба на Вашата компанија

Може да мислите дека поради тоа што имате добри книговодствени и сметководствени процеси  и дека Вашиот паричен тек е под контрола , па можете да се опуштите и да се одморите. За жал, би погрешиле. Ова е совршено време да се направи длабинска анализа за тоа каде Вашиот бизнис стои финансиски.

Финансиската анализа треба да се спроведува на прилично редовна основа – можеби квартално – за да може да знаете каде се наоѓа  Вашиот бизнис за да донесувате  правилни одлуки и планови за во иднина. Исто така, ова е  потребно и доколку барате инвеститори, на пример.

Добијте најмногу од Вашите финансиски извештаи

Финансиските извештаи на Вашата компанија ќе бидат Вашата прва референтна точка за проценка. Тука спаѓаат билансот на успех, билансот на состојба, извештајот за промени во финансиската состојба и изјавата за промени во сопствениот капитал.

Може да одлучите да повикате финансиски експерт за да Ви помогне во овој процес, но сепак, важно е да ги разберете финансиите и она што го откриваат за Вашиот бизнис. Немојте да се плашите од сите информации. Само почнете чекор по чекор .

Добра идеја е Вашата финансиска евиденција да ја води професионалец кој ја знае работата и законите за  даноци  кои треба да се почитуваат. Откако ќе ги добиете изјавите, можете:

  • да ги индентификувате негативните трендови во Вашето работење за да можете да ја поправите ситуацијата пред да стане критична
  • да внимавате на Вашите барања за парични текови за да ги идентификувате рано финансиските потреби
  • да ги следите важните  индикатори за финансиско здравје(како што се стапки на ликвидност, показатели за ефикасност, стапки на профитабилност и показатели на солвентност)
  • да внимавате на зголемувањето и намалувањето на богатството (посебно Вашиот акционерски капитал)
  • да го следите ефектот во однос на својот финансиски план, доколку  го имате

Финансиските извештаи кои ќе Ви помогнат да го одредите моменталниот статус на Вашиот бизнис се:

  • Извештајот забиланс на успех открива колку пари сте заработиле за пресметаниот период, или кои  трошоци биле направени, разликата помеѓу трошоците и приходите за овој период, или нето профит
  • Билансот на состојба е изјава на релативното богатство на една компанија или финансиска состојба во даден момент . Ги прикажува средствата, обврските и капиталот на сопствениците
  • Изјавата за позицијата, исто позната како “изјава за промени во финансиската состојба” или “извори и употреба на готовина”, помага да се објасни како една компанија ги стекнала своите пари и како ги потрошила
  • На извештајот за промени во сопственички капиталсе користи за да се премости јазот помеѓу износот на сопствениците на капиталот на почетокот на периодот и износот на нивниот капитал на крајот на периодот.

Вашите финансиски извештаи се само основа за Вашата анализа и тие нема да Ви ги обезбедат сите информации што Ви се потребни. На пример, ако Вашите изјави покажуваат дека неплатените сметки се намалени во текот на последните неколку години, тоа значи дека сте проактивни во врска со процесот на наплата на долгови или дека прерано ги  отпишувате лошите  долгови

Затоа е важно да се погледнат деталите во некои од трендовите кои се откриени во изјавите и да ги пронајдете причините кои стојат зад  нив. Доколку одлучите да направите финансиска анализа на Вашиот бизнис, може да  ја исккористите Анализа на финансиски способности.