Производството значи обработка на репроматеријали или монтажа на полупроизводи, за да се добие готов производ, со користење на работници (работна рака), машини, алати и енергија.
Репроматеријалите(дрво,челик,платно,хемикалии,итн.) и деловите(рачки,шајки,завртки,жица,конец,итн.) како и работната рака и енергијата,се нарекуваат влез,бидејќи тие влегуваат во создавањето на производот.
Производи се стока која се произведува во работнилница или во фабрика.
Количиние на производи добиени од прозводниот циклус во текот на одредено време се нарекуваат излез.