Пренесување на фирма и запишување во трговскиот регистар
Кон пријавата за упис на пренесување на фирмата се приложува: договор за пренос на фирмата-заверен кај нотар и доказ дека сите доверители се согласиле со пренесувањето на фирмата, освен ако во рокот споеменат претходно, ниту еден доверител со поднесок пред судот не се спротивставил на преносот на фирмата.
ИД | Потребни прилози | Од кој треба да е дигитално потпишан? | Кој го издава документот? | Забелешка |
2.1.12.1 | Одлука за пренос на фирма на трговецот-поединец | Основач | Трговецот поединец | |
2.1.12.2 | Фотокопија од објавата за намерата за пренос на фирма на трговецот-поединец | Подносител | Дневен печат | Од денот на објавата до денот на поднесување на пријавата за пренос треба да поминат 30 дена |
2.1.12.3 | Договор за пренос на фирма на трговецот-поединец | Трговецот поединец кој истапува и трговецот поединец кој пристапува | Трговецот поединец | |
2.1.12.4 | Изјава дека сите доверители се согласиле со пренесувањето на фирмата односно ниту еден доверител не се спротиставил на преносот на фирмата | Трговецот поединец | Трговецот поединец | |
2.1.12.5 | Изјава по член 29 од ЗТД | Трговецот поединец | Трговецот поединец |