Посебни услови за трговија

Посебни услови за трговија

  •  Стоките што се пуштени во промет треба да одговараат на физичко – хемиските и органолептичките својства, да се спакувани, декларирани, означени, односно обележени, согласно со закон.
  • Стоките треба да се сообразени со пропишаните технички барања проследени со документи определени во техничките прописи со обезбеден сервис, резервни делови без кои производите не можат да се користат за својата намена.
  • Трговецот на мало кој врши продажба на алкохолни пијалaци, за продажбата на алкохолни пијалaци е должен да поседува лиценца (во натамошниот текст: лиценца).Лиценцата важи за период од две години.
  • Трговецот на мало не смее да врши продажба на алкохолни и енергетски пијалаци и цигари на лица со возраст под 18 години.
  • Трговецот е должен на видно место во продажниот објект да истакне натпис со големина 20 х 50 см со содржина “забранета е продажба на алкохолни и енергетски пијалаци и цигари на лица со возраст под 18 години”.
  • Работното време на продавниците, магацините, складовите, деловните простори и бензинските станици го утврдува трговецот зависно од бројот на вработените.
  • Продавниците што се наоѓаат во колективни станбени згради и деловно-станбени згради не можат да почнат со работа пред 06,00 часот и мора да завршат со работа до 24,00 часот.
  • Трговецот е должен работното време и телефонскиот број на Државниот пазарен инспекторат од тоа подрачје да ги истакне на видно место на влезот на продавниците, магацините, складовите, бензинските станици и деловните простори и да се придржува кон истакнатото работно време
  • Трговецот е должен да води евиденција за набавка и продажба на стоките на големо и мало, како и за давање на трговски услуги согласно со закони и други прописи.
  • Евиденцијата што ја води трговецот мора да се наоѓа во соодветната деловна просторија во која се врши трговија и во секое време да биде достапна на надлежните инспекциски органи
  • Просторот пред продажниот објект може да се користи под следните услови:
  • да изнесува најмногу до една третина од пристапната површина на продажниот објект сметано од предната влезна врата до работ на тротоарот, патеката или просторот пред продажниот објект;
  • да не се оградува или затвора на било кој начин;
  • да не го попречува движењето на луѓето и потрошувачите;
  • да биде опремен со подвижни гондоли или продажни тезги и соодветна опрема за продажба на отворено и
  • да не се врши печење или приготвување на прехранбени производи кои се предмет на трговија.
  • Просторот пред влезот во продавницата треба да биде осветлен.
  • Продавницата која е изградена на три или повеќе ката треба да има изградено скали со ширина од најмалку 1,1 метар, доколку во продавницата се продаваат тешки и кабасти  стоки, а за продавниците  со површина од над 1.200 мтреба да имаат вграден лифт за четири и повеќе лица или подвижни скали (елеватор).
  • Подот во продавницата треба да биде изведен од материјал кој може лесно да се чисти (терацо, камен, керамички плочки, одредени вградени смеси, гума и слично), треба да биде рамен и мазен и не треба да биде лизгав.
  • Ѕидовите и таванот на продавницата треба да бидат обоени и не треба да бидат оштетени.
  • Во продавницата или во делот на продавницата во кои се врши продажба на свежо месо и риба, ѕидовите треба да бидат обложени со керамички плочки  до висина од најмалку 1,8 метри од подот.
  • Продавниците треба да имаат санитарен јазол и топла и ладна вода за сопствени потреби.
  • За продавниците со корисна површина над 1.200 мтреба да имаат санитарни јазли со претпростор и умивалник со топла и ладна вода поодделно за мажи и жени.
  • Продавниците со продажен простор над 1.200 м2 треба да имаат агрегат за производство на електрична енергија за осветлување и погон на разладните тела.
  • Исто така продавницата треба да има обезбедено добро природно и вештачко проветрување на просториите.
  • Продавница во која се печат и пржат пилиња, месо, риби и колбаси треба да имаат дополнителен апарат за вештачко проветрување со капацитет кој обезбедува потполно изнесување на загадениот воздух од продавниците.
  • Продавницата треба да биде опремена со рафтови, тезги, продажни маси, гондоли и друга слична опрема зависно од организацијата на работењето и видот на стоката која се продава во продавницата.
  • Продавницата треба да користи фискална каса и мерила (ваги и сл.). Фискалната каса и мерилата треба да бидат поставени на места што ќе овозможат увид на потрошувачите.
  • За продавниците во која се врши продажба на облека треба да има кабини за проба. Кабините треба да бидат осветлени, да имаат огледало и закачалка.
  • Во продавницата во која се продаваат обувки треба да имаат најмалку две седишта и огледало.
  • Додека за продавниците во која се врши продажба на лесно расипливи прехранбени стоки треба да има разладни уреди.
  • Продавницата во која продажбата на стока на мало се врши претежно со самопослужување на потрошувачите, а нејзиниот простор е поголем од 400 м2покрај горенаведените услови треба да ги исполнува и следните услови:
  • да има соодветен број на кошници и колички за носење на стоката;
  • растојанието помеѓу полиците со изложена стока треба да изнесува   најмалку 1 метар, а ако се користат   колички најмалку 1,20 метри;
  • при влезот да има посебен простор за оставање на чување на стоките што ги внесува купувачот и
  • да има посебна просторија за прием и складирање на стоките.