Посебни услови за градежна дејност
- Учесници во изградбата се носителот на правото на градење и правни лица кои ги вршат работите на проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата
- При изградба на градби инвеститорот може да определи управител на градба кој во негово име ги води сите организациони работи, ги следи сите фази на градење и врши финансиско и материјално следење на средствата во процесот на изградбата, се до добивање на одобрение за употреба. Управител на градба може да биде правно лице кое има лиценца за управител на градба
- Правното лице за проектирање на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон треба да има лиценца А за проектирање, а за градби од втора категорија лиценца Б за проектирање.
- Изведувач е правно лице кое ја изведува, односно гради градбата или дел од градбата, врз основа на договор за градење склучен со инвеститорот. За извршување на работите правното лице треба да е регистрирано во Централниот регистар за изведување на градежни и/или градежно- занаетчиски работи и да поседува лиценца за изведувач.
- Проектна документација претставува севкупност на меѓусебно усогласени студии, проекти, елаборати, анализи, експертизи и друга документација, со која се утврдува концепцијата и се дефинира техничкото решение на градбата, се разработуваат условите и начините на изградбата и се обезбедуваат нејзината технолошка функција, предвидената трајност и услови за употреба.
- Изведувањето на градби може да започне со издавањето на одобрение за градење кое е правосилно во управната постапка
- Рок: Инвеститорот е должен градбите од прва и втора категорија да ги изградат во рок не подолг од десет години
- Во текот на изградбата можат да се направат измени на градбата, доколку со измените не се влијае на исполнување на кое било основно барање за градбата и не се менува усогласеноста на градбата со параметрите од урбанистичкиот план или државната, односно локалната урбанистичка планската документација или проектот за инфраструктура. За вршење на измени инвеститорот е должен да поднесе барање кон кое приложува дополнување на основниот проект и само оние потврди и согласности пропишани со посебен закон чие прибавување произлегува од бараната измена.