Image by Free-Photos from Pixabay

Познавање на Вашите трошоци

Познавањето на трошоците за разните ставки ви овозможува прво да се справите со најголемата трошковна ставка. Во производни фирми, ова вообичаено се директните трошоци за материјали, но кај сервисните дејности ова може да биде директната работна рака, гориво или некој друг трошок. За да се намалат овие трошоци,можете да користите некои од методите што се опишани кај производството:

  • подобра набавка а со тоа намалување на загубите во материјалите,вклучувајќи и гориво,енергија и друго
  • намалување на трошоците за работна рака со помош на подобрување на распоредот,работните методи и алати,како и со намалување на неефикасно искористеното работно време;
  • подобрување на искористеноста на опрема, со подобро планирање, вклучувајќи го и планираното одржување.