Плаќање и кредит

Не е добро да ги продавате вашите производи или услуги ако не ви плаќаат за нив или ако на муштериите им треба толку време да платат што морате да позамјувате и да плаќате камате за да можете да го финансирате материјалот и платите на вашите вработени.

Ненаплатени сметки – е изразот кој сметководителите го користат за продадените производи и услуги кои се фактурирани, но се уште не се наплатени.

Повеќето мали продавници за малопродажба продаваат за готовина и одбицаат да продадат стоки со одложено плаќање. Знаат дека, ако започнат со тоа, некои лица никогаш нема да им платат.

Морате да имате јасни правила за плаќање – запознајте ги вашите муштерии со нив – и почитувајте ги. Така нема да има можност за недоразбирања. (знаеме дека големи и важни муштерии, како на пример владите, понекогаш ќе ги прекршат правилата, а нив не ќе можете да ги одбиете.)

Јасно отпечатете ги Правилата на вашето работење и поставете ги на видно место во вашите продавници. Можете да ги забрзате исплатите ако им понудите попуст на оние што плаќаат во готово, а тие кои сакаат одложено плаќање натерајте ги да платат нешто повеќе (казна). Ова може да е:

  • Попуст- 2,5 проценти попуст за плаќање во готово или за плаќање во рок од 15 дена (видете подоле);
  • Казна – 22 проценти камата за календарски месец, наплативо 30 дена од датумот кога доспеца наплатата.

Обидете се да прогнозирате. Ако морате да продадете со одложено време на плаќање, проверете ја редовноста на плаќањето на вашиот муштерија. Банката може да ви помогне. Ако тоа лице е познато како лош плаќат, можеби е подобро да се одбие порачката. Ако е таа важна личност која може да ви обезбеди други порачки, можеби ќе треба и да ризикувате. Треба сами да одлучите.