План за паричен тек

Паричен тек е план со кој предвидувате како и кога финансиските средства ќе се влеваат во вашата фирма (прилив) и како ќе се одлеваат (одлив) за секој месец посебно, во одреден иден временски период. 

Ако сакате да немате проблеми при работењето, морате да имате доволен прилив на финансиски средства за да се исплатат секојдневните трошоци, како што се плати, добавувачи, кирија и струја. Многу фирми банкротирале бидејќи немале доволно финнасиски средства, дури и кога имале преполни книги на порачки. Ако муштериите не плаќаат навреме, а добавувачите не чекаат, и ако банката не сака да помогне, фирмата се наоѓа во незгода.

Планот за паричен тек помага да ја предвидите или да ја апроксимирате вашата идна состојба со финансиските средства. Информациите за вашиот план за паричен тек произлегуваат од вашето книговодство, пред сѐ од главната книга. Проучувајќи што се случувало во минатото, можете да предвидете што ќе се случи во иднина. Колку подобро ги водите вашите книги, толку подобри ќе бидат вашите предвидувања.

Честопати е доволно да се состави план за паричен тек за следните шест месеци. Сепак, не чекајте до крајот на шестмесечниот период за да ја напишете својата следна прогноза. Седнете по три месеци и обидете се да направите проценка однапред за следниот шестмесечен период.