Планирање

Ништо во светот не останува дадено засекогаш. Некои бизниси можат да опстанат со години на ист начин и да обезбеедуваат добра заработувачка за своите сопственици, но, порано или подоцна тие ќе видат дека мораат да направат промена.

Ова е заради тоа што:

  • Муштериите сега не ги сакаат вашите производи – тие повеќе сакаат нешто ново или нешто подобро;
  • Се појавиле нови фирми кои своите производи ги промовираат поактивно од вас;
  • Машините и опремата остареле, станува поскапо да се работи со нив, и честопати се расипуваат. Потребно е да се заменат;
  • Бизнисот расте и потребно е да се донесе одлука како и колку ќе расте.

Ако сте умни, ќе почнете да размислувате за иднината далеку пред да биде потребно нешто да се преземе, така што ќе имате време за подготовки. Поголем дел од деновите вие сте зафатени со водењето на бизнисот , но постојат вечерите и друго време кога би можеле да се запрашате: “Каде одам понатаму?“

Морате да започнете да правите планови за продажбата и за трошоците за следните месеци, и да размислувате за нови инсцестици кои ќе треба да ги направите со цел да ги реализирате вашите планови.

Колку порано започнете да размислувате за иднината, толку повеќе време ќе имате да разгледате наоколу, да се посоветувате и да го најдете најдобриот можен пат.

ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА И НА ТРОШОЦИТЕ

Планирање значи добро обмислување, а потоа и разработување на тоа што сакате да го сторите во некое идно време, и како очекувате да стасате до таму.

Планирањето за вашиот бизнис е слично на тоа што го правите кога се подготвувате за некое патување. Планирањето на иднината на вашиот бизнис се врши на ист начин:

  1. Размислете за предвидувањето за тоа до каде сакате башиот бизнис да достигне, односно, сметате дека вашата продажба следната година може да достигне до 100.000 МКД.
  2. Потоа размислувате за тоа како ќе стасате до таму, односно, ќе продадете повеќе ваши постоечки производи – столици, и ќе додадете еден нов производ – кревети.
  3. Конечно, размислувате колку време ќе ви треба за тоа и што би требало да постигнете, односно, ќе вршите продажба од 8.000 МКД месечно во текот на десет месеци; меѓутоа, во месеците ноември и декември, имате намера да остварете по 10.000 МКД. Така, вкупниот износ за целата година изнесува 100.000 МКД.