Опис на бизнис план: Вашата компанија

Креирање на ефикасен бизнис план

Извадена содржина од  American Express® OPEN Small Business Nerwork

Дискусијата за вашата компанија треба да започне со изјава за вашата мисија – една или две реченици, краток опис за целта на вашиот бизнис и на кого вашиот производ или услуга е наменета. Нејаснотии во вашата изјава за мисијата покажуваат дека не сте доволно јасни во целите на вашата компанија. Ако ви треба помош или ако сакате да видите некои примери, проверете ја алатката за бизнис описот .

Опишете ја Вашата компанија

Откако ќе ја имате својата мисија, тогаш можете да разговарате за повеќе “технички” аспекти на вашата компанија. Запомнете дека ја раскажувате приказната на вашата компанија, па и покрај тоа што постојат одредени области што ќе треба да ги покриете, ќе сакате да го задржите тоа да биде живо и интересно. Некои области што треба да ги вклучите се:

  • Каков вид на бизнис е тоа? Трговија на големо? Малопродажба? Производство? Сервис?
  • Кога беше основана компанијата? Дали е тоа start up, или основано претпријатие? Која е причината за основањето на компанијата?
  • Која е вашата правна структура? Трговец поединец? Корпорација? Партнерство?
  • Кои се директорите на компанијата? Кое релевантно искуство го носат?
  • Кои потреби на пазарот ќе ги задоволите? Кому ќе продавате? Како ќе се продаваат вашите производи или услуги?
  • Кои системи за поддршка ќе бидат искористени? Услуги на клиентите? Реклама? Промоција?

Совети

  • Фокусот на вашата компанија често зависи од вашиот пазар. Мала градска продавница може да продава намирници, хардвер, весници и бензин, бидејќи тие можат да бидат единствената продавница што ги продава тие предмети во таа област. Поголем пазар ќе бара поголема специјализација да се издвојува од конкуренцијата.
  • Сопствениците на мали бизниси често се заглавуваат со користење на постоечки етикети кои точно не ги опишуваат нивните компании. Запрашајте се со кој бизнис се занимаватеКои вистински бенефиции ги давате? На пример, ако креирате билтени за корпорации, дали сте само “издавач на билтени” или дали “им помагате на големите компании да пренесат важни информации на потенцијалните клиенти”.
  • Ако сте основана компанија, дадете кратка историја и наведете претходни податоци за продажба и профит. Ако сте имале загуби или други пречки, објаснете зошто и разговарајте за тоа што сте направиле за да ги поправите. Дали сопственоста на компанијата е изменета? Обавезно разговарајте за тоа зошто била продадена.
  • Кога дискутирате за директорите на компанијата, не мора да водите комплетна биографија– да ја зачувате позадината за подоцна во планот. Но, немојте да бидете премногу краток. Немојте само да кажете “Ajax Financial Services е основана од Жан Смит”. Наместо тоа, посилно е да се напише нешто како “Основачот и претседателот Жан Смит, поранешен главен финансиски директор на Acme Industries, носи 25 годишно искуство во финансиските услуги за финансиските услуги на Ajax Financial Services”.