Одредување цени значи одлучување за цените кои вие ќе ги одредите за наплата на вашите производи или услуги.
За да ги одредите цените, потребно е да ги знаете трошоците. Ако не ги знаете своите трошоци, не можете да знаете дали ќе работите со добивка или со загуба.
Голем број производители, трговци или вршители на услуги, не си ги знаат трошоците. Тие мислат дека трошоците им се помали отколку во реалноста.
ОДРЕДУВАЊЕ ТРОШОЦИ И ЦЕНИ
Ако си ги знаете трошоците, ќе имате добра основа за одредување на вашите цени. Тогаш ќе можете да им конкурирате на другите производители или вршители на услуги и да имате добивка. Добивката е потребна за да го одржувате својот бизнис во здрава состојба. Таа ќе ви обезбеди резерва (пари) која ќе ви помогне да премостите време кога бизнисот не оди најдобро, ќе ви овозможи да се справите со неочекувани настани, да финансирате проширување или да отплатите кредити.
Покрај познавањето на трошоците, постојат голем број други фактори кои треба да ги земете во предвид при одредувањето на вашите цени:
- Кои се цените на вашата конкуренција за истите производи или услуги, или за слични производи или услуги кои луѓето би можеле да ги купат наместо вашите?
- Каков е односот на цената на нов производ или услуга со цените на производите или услугите кои веќе ги продавате?
Понекогаш и самите можете да забележите ако некоја ваша цена е погрешна.
Цените можат да бидат премногу високи ако:
- не го постигнете планот на продажба;
- изгубите некои големи нарачки;
- продажбата на некои ваши производи е мала во споредба со другите;
- ви се натрупуваат залихи;
- добивате жалби од вашите клиенти.
Цените се можеби премногу ниски ако:
- имате повеќе нарачки отколку што можете да произвдете;
- постојано ви снемува залиха;
- продажбата е добра но добивката е мала;