Бизниси со вршење услуги, како што се ресторани, сервиси за коли, хемиско чистење, туристички агенции или транспортери, не произведуваат или не продаваат стоки кои можат да се видат или да се допрат. Тие на луѓето им нудат услуга во размена за пари. Ова може да биде со користење на машина (хемиско чистење), или како работа на високо квалификуван работник (механиар во сервис за коли).
Во услужните дејности, директните трошоци се трошоците за користење на машина или работник.
Индиректните трошоци се сите други трошоци кои треба да ги платите за водење на бизнисот, т.е. Закупнина, трошоци за администрацијата, канцелариски трошоци, осигурување, телефон и слично.
Парите што ги добивате за вашите услуги би требало да се доволни за да ги покријат:
- директните трошоци;
- индиректните трошоци;
- разумна добивка; и
- данок на промет.
Цената за некоја услуга вообичаено се преместува врз основа на саат. Ова се нарекува сервисна саатнина. Таа се пресметува:
Сервисна саатнина на час + Директни трошоци по саат = Наплата за бруто добивка на час
Наплатата за бруто добивка на час се додава заради покривање на индиректните трошоци плус добивка.