Одредувањето на трошоци е начинот на кој пресметувате колку ќе ве чини производството и продажбата на секој поединечен производ или услуга.
Потребно е да знаете во детали колку ќе ве чини да се произведе некој производ, да се продаде производот или да се изврши услуга. Голем број мали па и големи бизниси си создаваат проблеми бидејќи не си ги знаат своите трошоци.
Ако ги знаете своите трошоци, вие ќе можете:
- да ги одредите своите цени или да дадете проценка и да знаете дали правите добивка;
- да одредите кои ставки се најскапи во водењето на вашиот бизнис и доколку е возможно, да ги намалите трошоците;
- да видите каков е ефектот на какви и да е подобрувања што ги планирате врз вашите трошоци и дали вашиот бизнис може да биде поефективен.
Информациите што ви се потребни за одредување на трошоците потекнуваат од вашиот книговодствен систем. Потребни ви се документи како што се платен список, списоци со потребно време и фактури. Ова е причината зошто вашето книговодство мора да биде во добар ред за да можете правилно да ги одредите вашите трошоци.
Пред да ги одредите трошоците за некој ваш производ или некоја сервисна работа, прво треба да ги знаете вкупните трошоци за водењето на вашиот бизнис во текот на една година. Исто така, треба да ги познавате различните видови трошоци кои ги сочинуваат овие вкупни трошоци.