Многу малку произведувачи можат да вработат свои застапници за продажба кои би фи посетувале купувачите при продажба низ целата земја.
Продавачите на големо можат да ја вршат работата за вас купувајќи поголеми количини производи и раздвојувајќи ги во помали купчиња за да ги продадат на малопродажбата или на други муштерии. Тие можат да ја вршат продажбата наместо вас.
Продавачите на големо продаваат најразлични стоки па можат да продаваат и стоки од вашата производна програма. Нема секогаш да ги промовираат вашите стоки како што тоа го прават вашите трговски застапници и ќе ви купат само по снижена цена, т.е. со попуст.
Продавачите на големо мораат не само да направат добивка која ќе ги покрие нивните трошоци туку, ако продаваат на продавачи на мало, треба да им одобрат попуст за и тие да имаат добивка. Ако продадете на продавачи на мало можеби ќе остварите добивка но ако има многу продавачи на мало во разни делови од земјата, можете да наидете на проблемиза да ги посетите сите и за да ги траспортирате производите до сите нив. Продавањето директно на продавачите на мало значи дека треба да вработите еден или повеќе трговски застапници, дури ако продавате и самите.
При одлучувањето за тоа кој е најдобриот начин за дистрибуција на стоките, морате да размислиме за следното:
- Трошок на продажбата – дали трошоците за платите на трговските претставници и нивните патни трошоци ќе се покријат со цени на продажба кои се повисоки отколку тие добиени од продавачот на големо.
- Продажба на стоките – дали трговските претставници подобро ќе ги продаваат вашите производи отколку продавачот на големо? Дали можат доволно да продадат – повеќе од продавач на големо – за да ги покријат трошоците и да создадат поголема добивка.
- Складирање – стоките кои се за продажба во оддалечени предели на земјата можат локално да се складираат. Дали е подобро да се користи продавач на големо отколку д асе постави сопствен дуќан или склад во регионот?
- Испорака – за испорака на стоките до други региони, дали е подобро да се има сопствен транспорт, да се изнајмат камиони, да се користи заеднички превоз или, за мали пакети, да се користи пошта?