Трошоците за материјали можат да се намалат на следниот начин:
-Добро купување. Ова е уште поважно во производоството отколку во трговијата на мало. Цената не значи се. Евтин материјал може да значи повеќе материјал кој не може да се искористи бидејќи е дефектен и мора да се отфрли, така што материјалот што навистина можете да го искористите, всушност станува поскап.
-Намалување на загубите. Во обработката на дрво или лимови, во правење чевли или конфекција и во другите занаети, вештото сечење или кроење може да даде големи заштеди.
-Намалување на шкарт. Шкартот мора да се фрли или да се продаде поевтино, Кога завршена работа треба да се шкратира, не само што го губите изгубеното машинско време туку и парите што би ги добиле доколку производот се продадеше.
Добрата обука на работниците, добри алати и работни услови, добри плати и силен надзор ќе го намалат шкартот.