Ова нема да се постигне со намалување на платите. Ова треба да се постигне со намалување на времето што секој работник го губи при вршењето на работата. Трошоците за работна рака се пресметуваат врз основа на времето кое работникот го троши за да заврши одредена работа. Колку помалку време се троши, толку трошоците се помали.
Како работниците губат време?
-Со тоа што мораат многу да одат наоколку, да носат материјали низ работилницата подалеку отколку што е потребно, заради лошиот распоред на машините, на рабоните места и на магацините.
-Со тоа што на работниците им се даваат лоши работни места, кои се неуредни, тешки за работа и лошо осветлени, и со тоа што им се давааат непогодни или истрошени алати за работата што треба да се заврши.