Фактурите ќе можете брзо да ги испратите само доколку имате добро книговодство, за да може информацијата брзо и лесно да стигне на фактурирање.
Исто така, треба да обезбедите фактурите на содржат прецизни податоци за тоа што плаќаат муштериите, така што не ќе можат да ја одложат исплатата оспорувајќи ја фактурата.
Ако муштериите сакаат да ја оспоруваат првата фактура, може да се изгуби многу време. Ако работата е завршена само на збор, можеби ќе треба да ја намалите цената што ја барате. Во втората фактура секоја точка е јасно наведена. Ако постојат прашања можете да ја проверите секоја точка заедно со муштеријата.
Не сакате муштеријата да го дадете на суд. Тоа секако ќе ве чини. Можете да купете печатени формулари со потсетници дека исплатата касни. Можат да се испраќаат на 14 дена. Во секое од нив формулацијата е се построга. На крај, морате да се одлучите дали е исплатливо некој што не плаќа да го дадете на суд.