Вашиот деловен план

Треба да составите план за вашиот бизнис за следната година, или доколку вашиот бизнис брзо се развива, за следните три години. Планот го запишувате. Тоа што ќе го напишете мора да биде вашата најдобра проценка за тоа што сметате дека можете да го постигнете со ресурсите што ги имате, односно со машините, работниците и финансиските средства кои ги имате, плус сопствените способности.

Вашиот деловен план ја претставува вашата проценка за продажбата, трошоците и добицката кои сметате дека можете да ги постигнете.

Вие вршите проценка на тоа што веројатно може да се случи со основните три дела:

  • Продажбата;
  • Директните трошоци; и
  • Индиректните трошоци.

Доколку направите релативно прецизна проценка на овие три елементи, ќе имате добра претстава за тоа колкава добивка можете да постигнете.